Дали е подобро реваншот од четвртфиналето во Лигата на шампионите да се игра дома? Статистички да. Во досегашните 241 двобој од оваа фаза, 52,7 отсто од екипите кои биле домаќини на возвратниот дуел оделе во полуфинале. Гостите се радувале во 44,4 проценти од случаите, а 2,9 отсто завршиле со изведување пенали.
Интересно е што за разлика од четвртфиналната фаза, во полуфиналето ова не е предност. Во полуфиналињата поголем дел од тимовите кои гостувале на реваншот, му се радувале на пласман во финалето. Од 120 полуфиналиња, во 50,8 проценти во финале отишле тимовите кои гостувале на реваншот, а во 45,8 отсто биле подобри тие што играле дома, додека на 3,3 проценти имало пенали.
Ова во теорија значи дека полуфиналисти ќе бидат Манчестер сити, Јувентус, Порто и Барселона (тимови кои реваншот го играат дома). Потоа во полуфиналето, гости на реваншот ќе бидат Барса и Сити и според статистиката, тие би отишле во финалето.