Работнички му се реваншира на Шкупи за клучниот пораз во последното коло лани, што ги исфрли од игра за европски настап, а денеска во нов меч на градските ривали „романтичарите“ славеа со 2:0.
Иван Марковиќ постигна гол во првото полувреме, а победата на домаќинот во премиерниот меч од второто коло во домашната лига го постигна Димитар Тодоровски.
За 17-годипшниот талент ова е прв гол во дресот на Работнички, а Марковиќ, кој летово го засили клубот го постигна вториот погодок.
Клубот од Дебар Маало ја забележа првата победа во новиот шампионат, а за Шкупи ова е прв пораз.