Интер и Барселона во вторник во Милано битката за место во финалето на Лигата на шампионите ќе ја водат без важни фудбалери. Синоќешниот спектакл со 6 гола не можеа да го доиграат до крај напаѓачот на Интер, Лаутаро Мартинез, и десниот бек на Барса, Жил Кунде.
Денеска ќе им бидат направени тестови по кои ќе се знае за какви повреди станува збор и колку ќе паузираат, но практично и двајцата се отпишани за реваншот, освен ако не се случи некое големо изненадување. Особено тоа важи за Кунде кој беше разочаран и изјави: „Воопшто не е добро“. Кунде освен реваншот со Интер, би можел да го пропушти и лигашкото Ел Класико против Реал Мадрид.