Реваншот меѓу Хабиб и Конор е блиску, фалат уште 15 милиони евра

Конкуренцијата за меч против големиот шампион во УФЦ, Хабиб Нурмагомедов е голема, а најблиску е до реванш-дуел со Конор Мекгрегор, ако паричната понуда се удвои.

„Ни се јавија за реванш, но ни нудат 15 милиони евра. Нашето барање е најмалку 30 милиони евра за да дојде до реванш-меч“, изјави Абдулманап Нурмагомедов, таткото на Хабиб.

Рускиот шампион го декласира Ирецот неодамна, но реванш е варијантата што нуди најголем спектакл и заработувачка за Хабиб.

„Веројатно сите останати кандидати што сакаат да се борат со мојот син заслужуваат поголема шанса од Конор и тоа мора да го почитуваме. Тука се, пред се, Дастин Поирие и најмногу Тони Фергусон. Ќе видиме“, додаде таткото на шампионот.

Имаше и најава за меч со боксерскиот шампион Флојд Мејведер, но тоа во сегашните услови е речиси невозможна варијанта.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести