Ревијално во Скопје – Малку шанси и без голови во првото полувреме (Фото)

Македонија го игра првиот од двата контролни натпревари пред настапот на Европското првенство, а првото полувреме против Словенија вечерва во Скопје заврши без голови.

Немаше ниту премногу возбудувања, а по неколку полушанси промашија и домаќините и гостите. Елиф Елмас беше најактивен во македонскиот табор, успеа неколкупати со соло продори да ја крене публиката на нозе, но Македонија не успеа да постигне гол.

И капитенот Горан Пандев можеше да ни донесе преднист во 36-тата минута, но ударот со глава не ја погоди целта.

Словенците имаа една зрела шанса, а Јосип Иличиќ ја промаши за среќа на македонската репрезентација. Гостите

бараа и пенал во 28-мата минута, но не го добија, па првото полувреме заврши без голови.

Македонија го игра првиот тест-натпревар, вториот е против Казахстан на 4 јуни пред патот за Букурешт планиран за 8 јуни. На ЕП ќе почнеме со Австрија на 13 јуни во главниот град на Романија, а во Букурешт ќе го играме и следниот меч, против Украина на 17 јуни.

Фазата по групи ќе ја завршиме со натпревар против Холанѓаните, во Амстердам на 21 јуни.

 

- Оглас -

Најнови вести