Револт во Аталанта: „Овој спорт оди во правец кој нема врска со фудбалот“

Аталанта неочекувано загуби на гостувањето кај Бриж со 2-1 во плејофот од Лигата на шампионите, но револт кај гостите од Бергамо предизвика начинот на којшто го загубија мечот. Во 94-тата минута беше досуден спорен пенал за Бриж, кој во гол го претвори Нилсон, а од Аталанта сметаат дека тоа воопшто не требало да биде удар од белата точка за домашните.

„Трагедија е што овој спорт оди во правец кој нема врска со играта која се вика фудбал. Секој има своја идеја што е пенал, а што не е. Сега фудбалерите се фрлаат по теренот и бараат да им биде досуден пенал. Не сум сигурен дека ги знам фудбалските правила. Во реваншот ќе мора да дадеме сè од себе бидејќи ни треба победа од два гола разлика против екипа која е многу добра. Ќе биде тежок натпревар“, рече тренерот на Аталанта, Џанпјеро Гасперини.

- Оглас -

Најнови вести