Револуција во Евролигата, првпат ќе има 20 тима, а се укинува бесмислениот меч за трето место

Она што беше најавено одамна во Евролигата, сега стана и официјално, елитното европско клупско натпреварување ќе има рекордни 20 учесници од следната сезона.

Ќе дебитираат Дубаи и Хапоел Тел Авив, Валенсија се враќа, а Алба Берлин го напушти натпреварувањето и ќе игра во Лигата на шампионите на ФИБА. Останатите 17 екипи се исти како и минатата сезона.

Сите тимови ќе играат меѓусебно дома и на гости, па ќе имаме вкупно 38 кола, првите шест екипи ќе се квалификуваат директно во плејофот, додека екипите пласирани од седмата до десеттата позиција на табелата ќе се борат уште за две места во плејофот преку плејин.

Новата сезона започнува на 30 септември, а фајнал-форот најверојатно ќе се одржи во Атина или Белград. Новина на финалните турнири е што ќе се играат три меча, полуфиналиња и финале, се укинува мечот за трето место, кој беше бесмислен бидејќи никому не му се играше.

Црвена ѕвезда, Партизан, Валенсија и Виртус Болоња добија тригодишни лиценци за учество во Евролигата, а Дубаи доби петгодишна лиценца.

- Оглас -

Најнови вести