Револуција во фудбалот: се менува правило за офсајд, ќе паѓаат повеќе голови

Целиот спортски свет разговара околу контроверзниот гол на Килијан Мбапе во финалето на Лигата на нации, на многумина не им е јасно правилото за офсајд, а сега ФИФА се подготвува да воведе нова промена која може да донесе уште поголеми забуни.

После воведувањето на ВАР технологијата, навивачите најмногу ги нервира кога некој гол ќе биде поништен поради тоа што „врвот на копачката или носот на фудбалерот бил во милиметарски офсајд“. Таквите офсајди во иднина нема да се сакнционираат, па ФИФА неделава почна тестирање на мечеви од првенството за фудбалери до 18 години во Италија. Ако правилото биде добро, можеби ќе заживее и во остатокот од светот.

Какво е новото правило? Ако делот од телото со кој може да постигнете гол (нога, рамо, гради или глава) е во иста линија со последниот играч од одбраната, тоа значи дека не сте во офсајд. Ова правило треба да донесе повеќе голови, или поточно, помалку поништени погодоци.

- Оглас -

Најнови вести