Револуција во Премиер лигата: Заменетите фудбалери ќе имаат дополнителни обврски

Новата сезона во Премиер лигата ќе донесе ново револуционерно правило кое се однесува на фудбалерите кои ќе бидат заменети. Тие по напуштањето на теренот ќе имаат дополнителна обврска, а таа се однесува кон носителот на медиумските права во Англија, Скај спортс.

Заменетите фудбалери најпрво ќе мора да дадат изјава за медиумот, а дури потоа ќе може да се упатат кон соблекувалната или кон клупата со резервни фудбалери. Истовремено Скај спортс ќе има неограничено право да влегува во соблекувалните на екипите и да снима, освен во моментите кога тренерите ќе имаат состанок со фудбалерите.

- Оглас -

Најнови вести