Не е тајна дека Англичаните како земја колевка на фудбалот често сакаат да изненадат со нешто ново, а играњето натпревари речиси секој ден, па и за празници го зголемува ризикот од повреди на играчите и затоа се бараат начини како да се избегне тоа.
ФА купот е едно од натпреварувањата кои се играат во празнични денови и во Фудбалската асоцијација на Англија со цел да им ја олеснат работата на екипите, најавуваат можна измена на правилото за број на измени на еден меч. Клубовите во иднина би можеле да заменат дури до десетмина играчи во исклучителни ситуации.
Проба на ова правило ќе има во јануари.
Според сегашните правила кои се на сила, тимовите смеат да заменат максимум петмина играчи. Тоа ќе биде проширено за уште две ако еден играч претрпи тешка повреда. Ако двајца од ист тим ја повредат главата, тогаш квотата за измени се зголемува за уште двајца.
Ако мечот отиде во продолженија, ќе смее да се направи уште една, вкупно десетта измена. Секако, мала е веројатноста дека ова некогаш ќе се случи бидејќи е потребно да се повредат вкупно шестмина фудбалери од двете страни. Во Премиер лигата се вратија на старото правило од три измени, но ФА купот им остава можност на тренерите да вршат по пет измени.