-2.2 C
Skopje
понеделник, 12 јануари 2026

Револверашко Ел Класико, Барса – Реал 2-2 по првиот дел (Видео)

Барселона и Реал Мадрид приредија спектакл од голови (2-2) уште по првото полувреме од големото Ел Класико кое се игра во Џеда за првиот трофеј во 2026 година, Суперкупот на Шпанија. Бразилецот Рафиња ја донесе предноста за каталонскиот тим откако погоди во 36-тата минута со прецизен удар од 15 метри.

Првиот дел не изобилуваше со шанси сѐ до финишот, а потоа дури три гола во судиското продолжение од првото полувреме.

Најдобрата шанса претходно за Реал Мадрид ја имаше Винисиус јуниор, кој побегна по левата страна, но шутираше директно во добро поставениот Жоан Гарсија.

Сепак, Бразилецот се поправи во последните мигови од првиот дел, кога исто така блесна по левата страна, влезе во шеснаесетникот и постигна погодок за 1-1.

Но, и тоа не беше сѐ, затоа што Роберт Левандовски повторно ја доведе Барса во водство од 2-1 во 48-та минута од првиот дел.

Возврати повторно и Реал Мадрид за 2-2, преку Гонзало Гарсија, постигнувајќи гол во шестата минута од надополнувањето во првото полувреме.

- Оглас -

Најнови вести