„Резервистот“ Мбапе ги врати светците на лидерската позиција во Лига 1

Фудбалерите на ПСЖ со 2-1 ја совладаа Ница во рамки на осмото коло во Лига 1 и се вратија на лидерската позиција на табелата пред Олимпик Марсеј.

Натпреварот го реши Килијан Мбапе кој натпреварот го започна на клупата за резервни играчи.
ПСЖ поведе со одличниот гол од слободен удар на Лионел Меси во 29 минута.

Гостите не се предадоа по примениот гол и заиграа офанзивно. Таквата игра им се исплати на стартот од второто полувреме кога Гаетан Лаборд го израмни резултатот.

Тренерот на ПСЖ, Кристоф Галтие, кој минатата сезона седеше токму на клупата на Ница, виде дека неговите играчи се мачат на „Паркот на принцевите“ и во 58 минута го внесе во игра Мбапе. Токму одличниот напаѓач го постигна голот за победа на ПСЖ и тоа во 83 минута по асистенцијата на Норди Мукиеле.

- Оглас -

Најнови вести