2.8 C
Skopje
сабота, 21 февруари 2026

Резервистот на Осасуна со магичен гол го сруши Реал Мадрид (Видео)

Осасуна дојде до сензационална победа од 2-1 над Реал Мадрид, за првпат по 2011 година и ѝ го отвори патот на Барселона до врвот во Ла Лига.

Вечерва дури ни ВАР-системот не им беше наклонет на „кралевите“, па со наведнати глави си заминаа од Памплона.

Голот за победа на Осасуна беше дело на резервистот Раул Гарсија, кој со магичен потег ја измести одбраната на Реал Мадрид, а потоа со фантастичен удар погоди во мрежата на Куртоа.

Асистентот судија веднаш сигнализираше офсајд, но ВАР-системот утврди дека Гарсија бил во дозволена ситуација и го призна голот.

Претходно, Осасуна дојде во водство во 38-мата минута од пенал и повторно по асистенција на ВАР. Анте Будимир беше фаулиран од Тибо Куртоа, но главниот судија му покажа жолт картон на Хрватот за наводна глума. Сепак, по прегледувањето на снимката, судијата ја промени одлуката, а самиот Будимир беше прецизен реализатор.

Единствениот гол за Реал Мадрид беше дело на Винисиус во 73-тата минута, но на крајот се покажа дека тоа не беше доволно за да се спасат од пораз.

„Кралевите“ остануваат на врвот од табелата со 60 бода, два повеќе од Барселона, но „каталонците“ доколку утре слават над Леванте ќе се искачат на првата позиција.

- Оглас -

Најнови вести