Резервистот Тринкао со два гола е херојот на Португалија (Видео)

Франсиско Тринкао е новиот херој на фудбалските навивачи на Португалија. На мечот против Данска, овој играч на Спортинг во игра влезе во 81 минута и успеа да постигне два гола, доволно да ја одведе Португалија во полуфиналето на Лига на нации.

Португалија ја крајот победи со 5:2 во меч кој траеше 120 минути во Лисабон. Португалија водеше со 1:0, потоа и со 2:1, но Данска израмнуваше. На 2:2, во игра влезе Тринкао и погоди за 3:2 во 86 минута. Ако се знае дека Данска победи со 1:0 во првиот дуел, тоа беше погодок да се играат дополнителни 30 минути.

И во дополнителните 30 минути Тринкао беше главен. Само што почнаа 30-те минути, Тринкао повторно погоди, овојпат за 4:2. Потоа Данска тргна на се или ништо, а тоа го искористија Португалците и преку Рамос погодија за 5:2 во 116 минута.

 

- Оглас -

Најнови вести