Барселона ремизираше без голови на гостувањето кај Уеска во мечот од рамките на 32-то коло во Ла Лига. Ернесто Валверде се одлучи да им даде шанса на играчите кои му се во втор план, како и на неколку младинцки од школата, а тие не ги оправдаа очекувањата.
Јасно е дека тренерот на Каталонците ги одмора ѕвездите за реваншот против Манчестер јунајтед во Лигата на шампиони кој ќе се одигра во вторник. Доминацијата беше залудна, големиот посед на топка не се покажа како клучен, а Барселона успеа само во два наврати да се закани во рамките од голот на Сантамариа.
Со ова реми, Барселона сега има 12 бода предност во однос на Атлетико Мадрид, а „јорганџиите“ допрва треба да одиграат меч против Селта Виго. Уеска по 10-тото реми сезонава има 25 бода, но и натаму се на последното место на табелата.