На фудбалерите на Борусија на необичен начин се бореа со температурата од 30.5 степени целзиусови за време на мечот со Мамелоди во Синсинати.
Верувале или не, првото полувреме резервите го следеа на телевизија од соблекувалната каде е многу попријатно отколку на клупите покрај аут линијата.

Во вториот дел мораа да се појават бидејќи некои од нив влегоа во игра, а оние што останаа на клупа, се криеја под чадори.

