Резервниот голман на Реал се фали: Белингам на тренинг не може да ми даде гол!

Украинецот Андриј Лунин, кој брани за Реал Мадрид, даде интересна изјава во врска со Џад Белингам, кој има феноменална сезона и во моментов е еден од најдобрите фудбалери на светот.

Лунин се фали дека му ги брани сите шутеви на Белингам на тренинзите.

„Белингам е вонземјанин. Да дојдеш во најдобриот клуб на светот на 20 годишна возраст и да даваш гол на секој меч, да правиш асистенции, да влијаеш врз играта и резултатот, не, како да не е од овој свет. На тренинзите не ми дава голови, му ги бранам шутевите. Изгледа не може да дава голови на тренинг, дава само на официјалните мечеви, хахаха“ – изјави Лунин.

- Оглас -

Најнови вести