-2.2 C
Skopje
понеделник, 19 јануари 2026

Резервниот голман на Сенегал буквално се тепаше за да го сочува пешкирот да не му го украдат (Видео)

Сенегал е африкански фудбалски шампион за 2026 година, откако во финалето дури по 120 минути игра со 1:0 го победи Мароко, кој беше домаќин на овој турнир. Неверојатно беше финалето, откако во 90+23 минута Мароко преку Брахим Дијас промаши пенал за победа во регуларниот дел од мечот.

Тогаш, сенегалските фудбалери сакаа да го напуштат теренот, сепак се вратија да доиграат, а голманот го одбрани пеналот, па се играа продолженија во кои тие дадоа гол за 1:0 и победа.

Покрај резултатската драма на теренот, во текот на целото финале имаше и драма со пешкирот на голманот на Сенегал. Мароканците во претходните мечеви правеа тактика некој од обезбедувањето или децата кои ги додаваат топките, да го украдат пешкирот на противничкиот голман, а така беше и во полуфиналето против Нигерија.

Во финалето, капитенот на Мароко Ахраф Хакими го украде пешкирот на голманот Менди и го фрли позади рекламите. Веднаш реагираше бекот на Сенегал Малик Диуф кој ја прескокна оградата и го врати пешкирот на местото на кое треба да биде.

Сенегалците знаеја за оваа валкана тактика на Мароканците, па резервниот голман Јехван реши да биде чувар на пешкирот. Тој буквално се бореше, дури мораше и да се тепа со децата кои беа задолжени за враќање на топката кои постојано се обидуваа да му го украдат пешкирот, но не успеаа.

На крајот, Сенегал ги истрпи сите неправи во финалето и на крајот победија со 1:0 освојувајќи го златниот медал и трофејот наменет за најдобрите.

 

- Оглас -

Најнови вести