24.8 C
Skopje
понеделник, 15 септември 2025

Резултатите не одат во корист на Ѓоковиќ

Австралискиот тенисер Алекс де Минор убедливо го победи Италијанецот Матео Белучи и тоа убедливо со 6:1, 6:2 за пласман во финалето на турнирот во Ротердам. Во финалето, Де Минор ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Хуркач и Алкарас.

Победата на Де Минор воопшто не му одговарапе на Новак Ѓоковиќ, затоа што Австрлиецот со пласманот во финалето на турнирот во Ротердам собра доволен број на бодови за да го надмине српскиот тенисер на новото понеделничко рангирање на АТП листата.

Со ажурирање на АТП листа, де Минор сега има 4.015 бодови, а Ѓоковиќ остана на 3.900 бодови. Доколку Де Минор успее да го освои турнирот во Ротердам, ќе добие дополнителни 170 бодови. Тоа значи дека Ѓоковиќ веќе за два дена и официјално ќе падне на седмото место на АТП листата.

- Оглас -

Најнови вести