Резултатите од вечерва најавуваат спектакуларни осминафиналиња

Резултатите од вечерашните пресметки во фудбалската Лига на шампиони најавуваат можни спектакуларни осминафиналиња.

Така бранителот на трофејот, ПСЖ, ако оди понатаму, а веројатно ќе оди, во осминафиналето ќе игра со Барселона или со Челзи. Со кого и да е, тоа ќе биде спектакл.

Реал Мадрид е во добра позиција да ја елиминира Бенфика, а во осминафиналето ќе се сретне со Манчестер сити или со Спортинг. Со Сити би било мегадерби, а со нив играа и во лигашкиот дел. Другата опција е полесна за Реал и пак ќе треба да игра со тим од Лисабон.

Галатасарај или Јувентус ќе имаат противник од Англија, опциите се Ливерпул и Тотенхем.

Борусија Дортмунд треба да ја доврши работата против Аталанта и да чека ждрепка, во која можни противници им се Баерн или Арсенал. Од тешко потешко, или германско дерби со стариот ривал или битки со лидерот на Премиер лигата и првопласиран тим од лигашкиот дел на ЛШ.

- Оглас -

Најнови вести