Резултатски ролеркостер во Глазгов, лудо „Олд Фирм“ дерби со шест гола (Видео)

Ренџерс и Селтик одиграа 3-3 во денешното неверојатно „Олд Фирм“ дерби во шкотската Премиер лига. После овој меч, Селтик остана лидер на табелата со еден бод повеќе. но Ренџерс има одиграно еден меч помалку.

Селтик поведе уште во 21-ва секунда со сречен гол на Јапонецот Маеда и тоа беше најава дека попладнево ќе има спектакл на „Иброкс“. Зелено-белите водеа и со 2-0 по првото полувреме, но тоа не беше доволно за победа која ќе беше историска, бидејќи 20 години не победиле трипати по ред против Ренџерс.

Ренџерс намали на 1-2 преку спорно досуден пенал, а две минути подоцна дадоа гол за 2-2 и лудило на трибините, но ВАР го поништи голот.

Заплетот продолжи во 87-ма минута кога Ренџерс израмни на 2-2, Селтик набрзина повторно се врати во водство, а конечните 3-3 беа поставени во 93-та минута со голчиште на Матондо.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести