Ракометната федерација на Македонија ги објави деталите за продажбата на билетите за мечот помеѓу Македонија и Словенија од квалификациите за пласман на Европското првенство 2026.
Билетите ќе се продаваат по цена од 200 и 300 денари, а продажбата започнува во понеделник, преку мрежата на МКтикетс. Дуелот помеѓу Македонија и Словенија се игра на 12 март во СЦ „Борис Трајковски“, со почеток во 20 часот.