Натпреварувачката комисија на Ракометната федерација на Македонија ја прифати жалбата на РК Бутел и мечот со Пролет го регистира со победа на Бутел од 23-22, иако средбата од ракометната Супер лига заврши со 23-23.
Домашните голот за 23-23 го постигнаа од пенал во последната секунда, но утврдено е дека часовникот бил запрен кога требало времето да тече, па мечот траел 5-7 секунди подолго од 60-те минути, а токму во тие секунди беше досуден пеналот за Пролет со кој овој тим го изедначи резултатот.
Снимка од спорната завршница на мечот во салата во населбата Пролет може да погледнете ТУКА.