РФМ официјално потврди: Билетите за натпреварите на Македонија на ЕП се распродадени!

Ракометната федерација на Македонија денес ги информира сите љубители на ракометот дека сите билети за натпреварите на кои ќе игра репрезентацијата на Македонија на Европското првенство во Германија се распродадени уште во септември. Од соопштението на РФМ може да се заклучи дека најголемиот проблем е тоа што Македонија се падна во група со домаќинот на шампионатот, Германија, па не е останат ниту еден билет за натпреварите во Дизелдорф и Берлин.

Во продолжение комплетното соопштение на Ракометната федерација на Македонија.

„Почитувани љубители на ракометот,
Почитувана спортска јавност,
Ве известуваме дека до Ракометната федерација на Македонија секојдневно пристигнуваат барања за билети за претстојното Европско ракометно првенство во машка сениорска конкуренција кое ќе се одржува во Германија во период од 10 до 28 јануари 2024 година.
Ракометната Федерација на Македонија, односно машката сениорска репрезентација е учесник на претстојниот спортски настан и согласно регулативата на Европската ракометна федерација, правата за продажба на билети за европски спортски настани се кај домаќинот на првенството, во овој случај тоа е Ракометната федерација на Германија и нивниот организационен комитет.
Европската ракометна федерација преку своите медиумски соопштенија уште во мај 2023 година објави дека има огромен интерес за билети за претстојното првенство и дека половина од билетите за натпреварите во продажба се веќе распродадени, особен интерес и побарувачка за билети имаше во групата А, каде што настапува и македонската сениорска репрезентација бидејќи во група А се наоѓа и домаќинот Германија.
Од страна на организаторот преку online мрежата за продажба во септември 2023 година беа пуштени во продажба и последните слободни 10.000 билети, кои во екстремен брз временски рок беа распродадени.
Ве молиме бидете информирани дека билетите за натпреварите во Група А, каде што настапува и македонската репрезнетација, по добиената информација од страна на Ракометната федерација на Германија и нивниот организационен комитет се распродадени.
Со почит,
Ракометна Федерација на Македонија“

 

 

- Оглас -

Најнови вести