РФМ: Поразите болат, но тимот пулсира во духот на единството, одиме на трета среќа!

Ракометната федерација на Македонија објави соопштение во кое им се заблагодари на навивачите, кои се осмиот играч во Краков, а има забелешки за одредени сензационалистички наслови во медиумите.

„Ракометната репрезентација на Македонија учествува на осмо Светско првенство, 12-то големо натпреварување во низа. Со седум дебитанти на теренот и еден од најмладите национални тимови на Мундијалот, тешко се носевме со двата противника во групата.

ПОРАЗИТЕ БОЛАТ и навистина ни е жал што досега не ја израдувавме бројната фаланга во Краков. Уште еднаш, огромна благодарност за нашиот осми играч!

Пред клучниот натпревар на ова првенство, против селекцијата на Аргентина, би сакале да им се заблагодариме на македонските медиуми за поддршката и љубезно да замолиме да не се вадат изјавите на играчите од контекст.

Тешко е за сите, особено за оние кои се на првите борбени линии, а сензационалистички наслови и поединечни статуси на социјалните мрежи никому нема да донесат добро.

Тимот пулсира во духот на единството и одиме со сите сили на трета среќа: СО СРЦЕ ЗА МАКЕДОНИЈА!, порачуваат од РФМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести