РФМ со порака: „Македонија треба да биде горда, бидејќи има светла ракометна иднина“

Светското првенство за Македонија заврши со мечот против Франција и со пласман на одличното 15-то место, а нашите ракометари на сите шест меча прикажаа одлична игра и борба. Од Ракометната федерација на Македонија со објава на социјалните мрежи го поздравија успехот на нашата репрезентација на шампионатот во Хрватска, Данска и Норвешка.

„Нашето мундијалско патување заврши, со насмевки и исполнети срца го напуштивме Вараждин. Македонија треба да биде горда, бидејќи има светла ракометна иднина. Машката ракометна репрезентација на Македонија во конкуренција на 32 селекции го освои 15. место на Светското првенство. Шампионатот го заврши со две победи (Катар и Гвинеја), две ремија (Унгарија и Австрија) и два порази (Холандија и Франција). Честитки до ракометарите и до стручниот штаб за одличните игри против силните противници. Видовме борбена и храбра игра. Нашите момци покажаа како треба да се игра за националниот дрес. Македонската репрезентација доби нов лик, новата генерација изгради сопствен идентитет. Процесот на смена на генерацијата не беше лесен, но трпеливо чекоревме кон градење на цврсти темели за нови успеси во спортот број еден во Македонија. Голема благодарност до сите кои дел од оваа мундијалска приказна, секоја ваша поддршка беше мотив плус на теренот.
Само сплотени можеме да придонесеме за подобро утре. Секогаш со срце за Македонија!“ – се вели во објавата на Ракометната федерација на Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести