РФМ со премија од 50.000 евра за ракометарите ако се пласираат на Светско првенство

Управниот одбор на Ракометната федерација на Македонија одлучи да ги мотивира ракометарите со финансиска премија од 50.000 евра пред настапот во финалниот двомеч од баражот со Чешка за пласман на Светското првенство во Полска и Шведска.

Пласманот на СП 2023 е мотив сам по себе, но репрезентативците ќе имаат и мотив повеќе да се пласираат таму и да поделат премија од 50.000 евра.

Првиот бараж-натпревар ракометарите ќе го играат в среда, во Злин, а реваншот е во недела, во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.

 

- Оглас -

Најнови вести