Ријад Марез е играчот кој во моментов е можеби во најдобра форма во редовите на Манчестер сити. Дека игра навистина одлично, покажа и на последниот меч против Астон вила кога даде два гола во убедливата победа од 6:1. Марез сезонава доби поголема доверба кај тренерот Пеп Гвардиола и максимално ја искористува. Во 18 меча во Премиер лигата досега даде седум голови.

„Марез не може да се повреди затоа што тој е како да нема мускули во нозете. Видете ги неговите нозе, како да нема мускули и едноставно не може да се повреди. Одлично игра сезонава. Тој е играч кој сака да е на теренот“, вели стратегот на Сити, Гвардиола.