Рибери е рекордер по број на титули во Бундеслигата

Французинот Франк Рибери постави рекорд по број на шампионски трофеи во германската лига. Рибери е првиот фудбалер во историјата со девет титули во Бундеслигата. Ваков скор нема никој друг, а интересно е што некои од најголемите германски легенди, Франц Бекенбауер или Герд Милер, не се ниту блиску до билансот на Рибери.

По осум трофеи имаат Мехмет Шол, Оливер Кан, Бастијан Швајнштајгер, Филип Лам, Давид Алаба, Томас Милер и Арјен Робен. Австриецот Алаба ако остане во баварскиот клуб, во следната сезона може да се изедначи со Рибери. Баерн сега има 29 титули и следната сезона ќе ја брка својата јубијелна 30-та, која би им донела трета ѕвездичка на дресот.

Баерн првата титула ја освои во 1932 година, потоа чекаше долго, а од 1969 наваму, има 28 трофеи. Во сите девет последни титули, од 2008 наваму, учествуваше Рибери.

 

- Оглас -

Најнови вести