Рибери го исмева Кристијано Роналдо: „Значи мора да освоиш ЛШ за да освоиш и Златна топка?“

Златната топка во 2013 година ја освои Кристијано Роналдо, иако таа сезона Баерн Минхен доминираше и освен двојната круна во Германија, ја освои и Лигата на шампионите, па за најголем фаворит се сметаше Франк Рибери.

Запрашан кој треба да ја освои Златната топка оваа сезона, Кристијано Роналдо рече: „Според мене, освојувачот на Златната топка мора да биде некој што ја освоил Лигата на шампионите. Мислам дека таа награда ја изгуби вредноста“.

Следуваше реакција на Рибери, кој се обиде да потсети Португалецот дека не мислел така пред 12 години.

„Значи треба да ја освоиш Лигата на шампионите за да ја освоиш и Златната топка?“ – напиша Французинот на социјалните мрежи.

- Оглас -

Најнови вести