Рибери и Робен со голови и како шампиони се одјавија од Баерн!

Баерн Минхен не ја пропушти приликата да ја одбрани титулата шампион на Бундеслигата, и со победа од 5-1 над Ајнтрахт, на шампионски начин дојде до нов трофеј во германското првенство.

Арјен Робен и Франк Рибери кои се простија од дресот на баварскиот гигант, постигнаа по еден гол и на убав начин ќе се разделат со клубот чиј дрес го носеа во изминатите години.

Поразот на Борусија Менхенгладбах од Дортмунд од 0-2, го искористи Баер Леверкузен, кој со 5-1 славеше кај Херта, и се проби на четвртото место кое води во Лигата на шампионите. Во европските купови ќе игра и Волфсбург, кој му даде дури 8 гола на Аугзбург.

- Оглас -

Најнови вести