Рибери не може без бундеслигашки фудбал

Франк Рибери летово го напушти германскиот првак по повеќе од една деценија заедно со Арјен Робен, но за разлика од неговиот долгогодишен пријател и колега, Французинот нема намера да се пензионира. Рибери тврди дека во него уште има желба за надигрување и страст кон фудбалот, па затоа активно трага по нов клуб.

Беше поврзузан со неколку екипи од Австралија, доби богата понуда од Катар, а се споменуваше и враќање во поранешниот тим на Рибери, Олимпик Марсеј, како и преселба во Кнежевството на Монако. Но, од големиот избор, Рибери може да изненади и да се врати во Бундеслигата.

Наводно, Ајнтрахт Франкфурт му нуди едногодишен договор на Рибери според кој би заработувал според учинокот и бројот на настапи. Полуфиналистите од ЛЕ од минатата сезона летово останаа без двајцата клучни голгетери – Јовиќ за 65 милиони евра се пресели во Реал Мадрид, додека го продадоа Алер во Вест хем за 40 милиони евра. На Орлите им недостасуваат напаѓачки опции со искуство, имајќи предвид дека кај тренерот Хитер на располагање се младиот Јовељиќ и Хрватот Ребиќ.

Самиот фудбалер најави дека наскоро ќе се знае неговата следна дестинација, а дали има храброст да се врати во Германија и да застане на противничката страна против тимот со којшто освои бројни титули во изминативе 12 години, останува да се види.

- Оглас -

Најнови вести