29.8 C
Skopje
вторник, 29 јули 2025

Рибери покажа како му изгледа станот по „посетата“ на крадците (Видео)

Фудбалерите во Италија сè почесто се цел на разбојници, а овојпат дојде редот на Франк Рибери. Ѕвездата на Фиорентина бил непријатно изненаден кога се вратил во својот дом и сфатил дека бил цел на крадци.

Украдени се повеќе вредни работи, а според полицијата, вкупната штета е 140.000 евра. Крадците точно знаеле кога Рибери ќе биде надвор од домот, па на раат да можат да „оперираат“. Рибери денеска објави видео на кое се гледа каков хаос го дочекало Рибери кога се вратил дома.

https://twitter.com/i/status/1280115792902868992

 

- Оглас -

Најнови вести