Рибери станува тренер, зарем некој се сомневаше кој ќе му биде првиот тим

Легендарниот француски фудбалер Франк Рибери одлучи да започне тренерска кариера и првата работа ќе му биде во тимот во кој остави најголем белег во неговата кариера.

Според германските медиуми, Рибери од следната сезона ќе биде еден од тренерите во академијата на Баерн Минхен.

Рибери до крајот на сезонава се очекува да ја заврши тренерската академија и да добие лиценца, па налето своето знаење ќе почне да го пренесува на младите фудбалери.

Рибери 12 сезони помина во редовите на Баерн Минхен и освои дури 22 трофеи, а највреден е тој во Лигата на шампионите од 2013 година.

- Оглас -

Најнови вести