Дмитри Риболовљев преку своите скаути се обидува да се испазари со Партизан за да го купи одличниот напаѓач Умар Садик за 10 милиони евра, иако „црно-белите“ бараат 15 милиони евра.
Монако засега е најконкретен и комплетната понуда е 8 милиони евра веднаш и плус два милиони што ќе ги исплати преку бонуси внесени во клаузули во договорот.
Садик одигра одлична сезона за Партизан, а особено беше на ниво на вечното дерби против Црвена ѕвезда во полуфиналето на Купот, па „црно-белите“ одговорија на понудите за Нигериецот со висока цена од 15 милиони евра.
Српските медиуми објавија дека Монако има интерес за 23-годишниот напаѓач што Партизан го купи од Рома, а заинтересирани се и Манчестер јунајтед, Борусија Менхенгладбах, Лион, Рен, Реал Сосиедад и уште неколку познати европски екипи.