Ришарлисон има проблеми: „Мора да побарам психолошка помош“

Фудбалерот на Тотенхем и репрезентативец на Бразил, Ришарлисон, минува низ тежок период на приватен план. Тој на дуелот на бразилската репрезентација против Боливија беше заменет во 71-вата минута, а потоа беше забележан како плаче на клупата. Тој вели дека кога ќе се врати во Англија, ќе побара психолошка помош бидејќи мора да си го врати животот во нормала.

„Невремето помина. Сега работите дома се како што треба. Луѓето кои ги интересираа само моите пари се далеку од мене. Ќе се вратам во Англија и ќе побарам психолошка помош за можам да се вратам уште посилен“, вели Ричарлисон.

Бразилецот во дресот на репрезентацијата има постигнато 20 гола на 45 натпревари, додека во дресот на Тотенхем одигра 40 натпревари, на кои четирипати беше прецизен.

- Оглас -

Најнови вести