Ричарлисон немаше милост за Лион, Тотенхем ја забележа првата победа во подготовките (Видео)

Екипата на Тотенхем ја забележа првата победа во подготвителниот период, откако го совлада Лион Сити од Сингапур со 5-1. Ричарлисон со хет-трик беше најдобар на теренот, а во листата на стрелците се запишаа и Кејн од пенал и Ло Селсо.

Интересно, домаќинот на овој натпревар, екипата на Лион Сити прва дојде во водство преку Шавал Анур во 14-тата минута.

Со овој натпревар завршува азиската турнеја на Тотенхем со само еден одигран натпревар, откако претходно не се одигра дуелот против Лестер во Тајланд поради лошите временски услови.

До крајот на подготовките Тотенхем ќе игра пријателски натпревари против Шахтјор Доњецк во Лондон и против Барселона во главниот град на Каталонија.

https://twitter.com/SpursOfficial/status/1684183679524913153?s=20

https://twitter.com/SpursOfficial/status/1684184408507514884?s=20

https://twitter.com/SpursOfficial/status/1684189725358272516?s=20

- Оглас -

Најнови вести