Ричарлисон закрепна од заушките, ќе игра против Аргентина

Ричарлисон, офанзивецот на Кариоките, ќе биде во комбинација за полуфиналната пресметка против Аргентина на Копа Америка откако ја надмина ситуацијата со заушките. Фудбалерот на Евертон три дена се наоѓаше во карантин, изолиран од остатокот од тимот на Бразил, но докторите дадоа зелено светло дека Ричарлисон може повторно да игра.

Постоеше шанса Ричарлисон воопшто да не заигра до крајот на јужноамериканскиот шампионат, но благодарение на брзата интервенција на медицинскиот тим на Кариоките, како и тридневното одморање, фудбалерот на Евертон целосно закрепна и ќе има два дена за да се подготви за Суперкласико, дуел кој ќе го одреди првиот финалист на Копа Америка.

Неколку фанови вчера навечер го пречекаа Ричарлисон пред хотелот каде што е сместена репрезентацијата на Бразил, на кои им потврди дека целосно е закрепнат и е среќен што се вратил во составот.

Мечот Бразил – Аргентина е закажан за 3 јули во 02:30 часот по полноќ, додека еден ден подоцна во истиот термин силите ќе ги одмерат Перу и бранителот Чиле.

- Оглас -

Најнови вести