Дефанзивецот на Реал Мадрид, Антонио Ридигер, започна кампања со цел да го убеди Тони Крос повторно да го облече дресот на репрезентацијата на Германија.
Фудбалерот од средниот ред на Реал Мадрид, Тони Крос, пред две години ѝ кажа збогум на репрезентацијата, но сега Германија е домаќин на Европското првенство, а Ридигер и комплетната фудбалска јавност имаат желба тој повторно да го облече дресот на Панцирите.
„Секој ден си мислам. Играч како него кој сè уште игра на високо ниво треба да биде на Европското првенство и тоа е реалност. Кога игра Тони, кој има отчукувања на срцето како 20-годишник, тогаш сè е прекрасно. Сакам да го видам во репрезентацијата, но тој го има последниот збор. Фактот дека сме домаќини на Европското првенство може да смени се. Не смееме да го отпишеме. Нашата цел е да одиме далеку. Никој не смее да каже дека ќе бидеме задоволни само ако ја минеме групата“, рече Ридигер.
Тони Крос пред да ја прекине репрезентативната кариера, забележа 106 настапи и го освои Светското првенство во 2014 година.