3231 Зенит – Локомотив Москва (Руски Суперкуп, 18 часот)
Зенит на убедлив начин ја освои титулата во Русија, седма во клупската историја и е најуспешниот клуб во земјата во овој милениум.
Сергеј Семак има одличен состави многу квалитетни играчи, па тимот од Санкт Петербург пак ќе биде главен фаворит за титулата и во новото првенство.
Денеска во Калининград, Зенит е фаворит за триумф во Суперкупот, но Локомотив Москва е опасен ривал. Популарните Локоси се мајстори за куп натпревари и рекордери во Русија со 9 пехари во националниот куп, а имаат вкупно 11, два и од ерата на СССР.
Дуелите на Зенит и Локомотив во последно време се многу ефикасни, последниот заврши со триумф на шампионот од 6:1, а уште еднаш на последните десет пресметки имаше 7+.
Предлог тип: ГГ (1.81)
3340 Легија – Раков (Полска Суперкуп, 20 часот)
Легија имаше одлична увертира за полскиот Суперкуп со две победи во квалификациите за Лигата на шампионите против Бодо Глимт. Емрели и Лукињас се во топ-форма и заедно постигнаа четири од петте гола за Легија во победите од 3:2 и 2:0 против норвешкиот првак.
Азербејџанецот и Бразилецот и денеска ќе бидат главна закана за дефанзивците на Раков, кои се актуелни освојувачи на полскиот куп. Како што е ред шампионот е фаворит, а и традицијата е на страната на Легија.
Најтрофејниот полски клуб со 15 титули нема пораз од Раков во регуларен дел на шестте досега одиграни меѓусебни дуели, но еднаш сепак загубија, по продолженија во четвртфиналето на полскиот куп во 2019 година.
Легија е најпознатиот полски клуб со многу трофеи и успеси, финалето на Суперкупот ќе се игра во Варшава, но Раков може да им даде барем еден гол на шампионите, иако фаворитот за пехарот се знае, тоа е 15-кратниот првак.
Предлог тип: ГГ (1.65)
2502 Сарпсборг 08 – Бодо Глимт (Норвешка, 20 часот)
Норвешкиот првак Бодо Глимт е во незгодна позиција, откако испадна во стартното квалификациско коло за настап во Лигата на шампионите, а и во првенството заостанува за пет бода зад Молде.
Лани имаа историска сезона во која за првпат станаа прваци на Норвешка, по четирите вицешампионски титули. Сега се чини дека имаат послаб состав, бидејќи го продадоа најдобриот стрелец во Лигата, Јункер, третиот топчија во Норвешка, Зинкернагел и шесттиот стрелец Хауге.
Тоа се покажува како голем хендикеп, иако Бодо купи неколку нов играчи, но вкупно 60 гола што ги постигна заедно трилингот сега веќе екс-играчи на Бодо тешко се надоместуваат.
Сарпсборг е скромна екипа, но успеа да го изненади Розенборг пред пет кола со победа од 1:0, а со идентичен резултат славеше и против лидерот Молде пред две рунди.
Сепак Бодо Глимт има императив да победи, има подобар тим и нема да дозволи Сарпсборг во кус период да го земе и третиот скалп на фаворит за титулата.
Предлог тип: 2 (2.12)
2435 Универзитатеа Крајова – Арѓеш Питешти (Романија, 20.30 часот)
Универзитатеа веќе го освои првиот пехар во новата сезона со триумф во Суперкупот на пенали против шампионот Клуж, што е добар знак дека студентите можат да очекуваат добар настап и во шампионатот.
Тимот од Крајова е четирикратен романски првак, но ја чека петката веќе 30 години. Имаа зицер преклани, но во директен дуел за круната загубија дома од Клуж.
И сега не се во првиот ред фаворити во трката за првак на Романија, но имаат добар тим и се поквалитетни од Арѓеш, клуб кој има две титули, освоени во 70-те години на минатиот век.
Предлог тип: 1 (1.70)
3144 Риека – Горица (Хрватска, 21 часот)
Риека е фаворит од сенка за титулата во хрватското првенство, но има незгоден ривал на стартот од новата сезона. Горица има 7 победи и само 4 порази, со две ремија во досегашните меѓусебни дуели, па не е без шанси на денешното гостување.
Двата последни дуели од ланското првенство ги доби Риека, а имаше вкупно 10 гола, што е добар знак дека повторно може да се очекуваат многу погодоци.
Риека има мнoгу поголем рејтинг и 74-годишна фудбалска традиција, со постојани настапи во во најсилната лига на Југославија и во хрватското првенство.
Горица се формираше пред 12 години, ова ќе им биде само трета прволигашка сезона во ХНЛ, но играа добро во претходните две и беа петти и шестти на завршните табели.
Предлог тип: ГГ (1.67)