Риека пред четири дена го победи Славен и се радуваше на титула, вечерва нов нивен меч за нов пехар

1701 Ремс – Мец (20:30 ч.)

Дуел кој треба да одлучи кој клуб ќе игра во првата француска лига следната сезона. Ремс беше 16-ти во Лига 1 и е во улога на фаворит против Мец, кој заврши како трет во втората лига.

Првиот дуел на овие две екипи заврши 1:1, а интересно е дека Ремс играше и финале во Купот на Франција, во кое загуби со 3:0 од ПСЖ. Многу поважен меч сега е да успее да обезбеди опстанок на свој терен.

Предлог тип: 0-1 I & 0-1 II (2.16)

 

3171 Домжале – Триглав (20 ч.)

Домжале заврши на претпоследното место во првенството на Словенија и сега ќе брка опстанок во елитата против второпласираната екипа во втората лига, а тоа е Триглав. Интересно е дека Триглав спои шест победи по ред и сигурно второлигашот е полн со оптимизам дека може да слави и на ова гостување.

Двете екипи играат офанзивен фудбал и може да се очекува да има погодоци.

Предлог тип: ГГ3+ (1.92)

 

1901 ЛАСК – Рапид (17 ч.)

Ова е меч кој треба да реши која екипа ќе игра во Конференциската лига на УЕФА од Австрија. Овие две екипи сезонава одиграа два меча во кои на двата имаше погодоци од двете страни.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.91)

 

1655 Антверпен – Шарлроа (18:30 ч.)

Кога играат овие два тима, најчесто тоа е асоцијација за многу погодоци. На четири од последните пет меѓусебни дуели средбите завршувале со 4+ погодоци и се треселе мрежите на двата тима.

Најчесто играат без многу калкулации, па Антверпен има пет победи, Шарлроа се радувала четирипати, а само еднаш било нерешено во последните 10 меѓусебни пресметки.

Предлог тип: 1-2 I &3+ (2.65)

 

3148 Риека – Славен Белупо (19 ч.)

Само пред четири дена Риека на свој терен го победи Славен Белупо со 2:0 во меч од последното коло во првенството и тоа беше знак за големо славење, односно шампионска титула на Риека.

Сега овие два тима повторно ќе бидат на мегдан, повторно на истиот терен, но овојпат во финалето на Купот на Хрватска. Првиот меч заврши 1:1, што значи дека Риека со нова победа пред своите фанови ќе слави нов трофеј.

Предлог тип: 1&2-4 (2.35)

 

- Оглас -

Најнови вести