Хрватското првенство ќе има завршница каква не се памети, но и ретко се случува. Дури три екипи влегуваат со шанси за титулата во последното коло, а тоа им зададе главоболки и на челните луѓе на Фудбалскиот сојуз. Прашањето е како ќе стигне трофејот до победничката екипа, а сето тоа да биде на време.
Во игра се Ријека, Динамо Загреб и сплитски Хајдук, па прво се најавуваше дека пехарот ќе чека на автопат, некаде на средина од овие три места, но сега Хрватите имаат спектакуларно решение.
Пехарот и медалите за шампионот ќе чекаат во хелихоптер и веднаш ќе бидат транспортирани до стадионот каде што ќе треба да биде прогласен шампионот.
Најверојатно тоа ќе биде на „Рујевица“ во Риека, бидејќи Ријека зависи сама од себе, па со победа над Славен Белупо, ќе дојдат до трофејот. Динамо Загреб треба да слави над Вараждин, но и да чека кикс на Ријека, додека Хајдук треба да победи во Шибеник, но и да чека кикс и на Ријека и на Динамо, што е малку веројатно.
Како што на јавуваат од Фудбалскиот сојуз на Хрватска, трофејот со хелихоптер ќе слета на стадион, што ќе биде момент кој долго ќе се памети и прераскажува.