28.8 C
Skopje
среда, 6 август 2025

Ријека е пред убедлива победа, Црвена ѕвезда по позитивен резултат во Полска (Фото)

6704 Ријека – Шелбурн (20:45)

Ријека по елиминацијата од Лигата на шампионите, важи за еден од најголемите фаворити за влез во групната фаза на Лигата на Европа. Токму затоа дуелот против Шелбурн за нив треба да биде само попатна станица до исполнување на целта, а патникот во плеј-офот треба да биде одлучен уште вечерна на „Рујевица“. Се освен убедлива победа на хрватскиот шампион ќе биде големо изненадување.

Предлог тип: 1 & 3+ (1.77)

 

6729 Лех – Црвена ѕвезда (20:30)

Црвена ѕвезда ја има фаворитската улога во двомечот против полски Лех, па „црвено-белите“ вечерва ќе се обидат со добар резултат на гостински терен да дојдат чекор поблиску до пласман во групната фаза од Лигата на шампионите. И двете екипи на импресивен начин дојдоа до третото коло, но очекувањата се дека шампионот на Србија нема да загуби на гоствањето во Полска.

Предлог тип: Х2 & 2+ (1.87)

 

6728 Лудогорец – Ференцварош (19:30)

Лудогорец и Ференцварош се можните противници на Шкендија, без разлика дали тетовци ќе испаднат или ќе поминат против Карабах. Ждрепката сакаше тие две двојки да ги спои и во Лигата на шампионите и во Лигата на Европа, а очекувањата од шампионите на Бугарија и Унгарија се дека ќе одиграат неефикасен меч, а патникот во плеј-офот ќе го одлучуваат на реваншот.

Предлог тип: 0-1I&0-1II (2.20)

 

6730 Ница – Бенфика (21:00)

За разлика од мечот на Лудогорец и Ференцварош, на дуелот помеѓу Ница и Бенфика се очекува ефикасен фудбал. Претставниците на Португалија и Франција во лигашкиот дел од квалификациите се очекува да донесе ефикасен фудбал, а така беше и на нивните два меѓусебни натпревари кои ги имаат одиграно. И на двата имаше по точно три гола.

Предлог тип: 1-3I&1-3II (2.00)

 

6731 Феенорд  – Фенербахче (21:00)

Во лигашкиот дел од квалификациите играат и Феенорд и Фенербахче, а за една од нив патот до Лигата на шампионите ќе заврши во третото коло. Двете екипи се редовни учесници во европските купови, па амбициите се учество во групната фаза. Ниту претставникот на Холанија, ниту Турците предводени од Жозе Мурињо нема да се бранат, па головите се она што може да се очекува на мечот во Ротердам.

Предлог тип: ГГ и 3+ (1.92)

- Оглас -

Најнови вести