Риека со 3-1 славеше во Загреб против Динамо и го елиминира фаворитот од Купот на Хрватска. Во полуфиналето на Купот, Риека ќе се сретне со Горица, за која настапува Влатко Стојановски.
Дарко Велковски го одигра целиот меч вечерва на „Максимир“, додека тренерот на Модрите, Крзнар, тактизираше со составот и скапо го плати калкулирањето. Аријан Адеми и Стефан Ристовски влегоа во игра во второто полувреме, а и стрелецот на голот за Динамо, Толиќ, исто така беше резервист и влезе подоцна.