3141 Риека – Шибеник (18:00)
Во дуелот на првопласираниот и последниот во првенството на Хрватска јасно е кој е фаворитот. Риека сака да се задржи на врвот на табелата откако во претходното коло одигра само 0-0 на гостувањето кај Горица. Домашните во последните десетина дена ги совладаа и Динамо и Хајдук, па се очекува Шибеник да биде лесен залак за нови три бода.
Предлог тип: 1 & 3+ (2.19)
3132 Железничар Панчево – Текстилац Оџаци (20:00)
Мечот помеѓу Железничар и Текстилац е своевидно дерби на дното од српската Супер лига, но предност има домашната екипа, која воедно е и подобропласирана. Овие две екипи имаат одиграно само еден меѓусебен натпревар и тој им припадна на фудбалерите на Железничар со 0-2 на гостински терен.
Предлог тип: 1 & 1+ второ (1.79)
1951 Бодрумспор – Касимпаша (18:30)
Екипа на чии натпревари се паѓаат најмногу голови во турското првенство оваа сезона е Касимпаша. На нивните 25 меча се постигнати неверојатни 95 гола или во просек речиси четири по натпревар. Последните пет меча на кои настапи Касимпаша завршија со 3+, а така беше на 12 од последните 13 меча, па нема зошто да не биде така и против Бодрумспор.
Предлог тип: 3+ (1.93)
1011 Норвич – Оксфорд јунајтед (21:00)
Норвич и Оксфорд јунајтед по традиција играат ефикасно во меѓусебните натпревари. Низ историјата имаат одиграно седум меѓусебни натпревари, а шест од нив завршиле најмалку со два гола, а само еднаш бил постигнат еден гол. Воедно, Норвич одигра 2+ на последните три меча, а ист е случајот и со натпреварите на Оксфорд јунајтед.
Предлог тип: 1-3I&1-3II (2.04)
1665 Серен – Бриж У-23 (20:00)
Белгиската Челенџер про лига, односно второто по ранг натпреварување, важи за едно од најефикасните во Европа. На досегашните 22 натпревара кои ги одигра екипата на Серен беа постигнати вкупно 66 гола, или три по натпревар, а на екипата до 23 години на Бриж беа постигнати 63 гола, што во просек е речиси по три.
Предлог тип: ГГ и 3+ (1.96)