Поранешниот член на Барселона и најсакана „10-ка“ во Аргентина после Диего Марадона, Хуан Роман Рикелме, даде интервју во кое говореше и за трансферот на Лионел Меси во Пари Сен Жермен. Рикелме кој е потпретседател на Бока јуниорс, смета дека за Светците, освојувањето на Лигата на шампионите е сега или никогаш.
„Меси е најдобар бидејќи сака да игра со топката. Ако ПСЖ не освои ЛШ сега со Меси, нема да освои никогаш. Сигурен сум дека Меси ќе ја освои ЛШ со Париз, и потоа ќе се врати во Барселона каде ќе ја заврши кариерата“ – вели Рикелме кој е легенда на Бока, додека во Европа играше само за Барселона и Вилјареал.