Бока јуниорс се пласира во финалето на Купот откако во драматичен меч, дури по подобро изведување на пеналите го победи тимот на Гимназија. Херој на теренот беше голманот Леандро Бреја, но херој имаше и на трибините, а тоа беше Хуан Роман Рикелме.
Некогашниот аргентински репрезентативец, кој сега е во улога на претседател на Бока јуниорс, покажа херојски потег кога успеа да ги смири навивачите на трибините. Само што почнаа да прават проблеми на трибините, кога полицијата веќе беше подготвена да реагира дури и со гумени куршуми, Рикелме влезе во клинч со фановите.
Со самото присуство на Рикелме во најопасниоте дел каде што беа лутите навивачи, полицијата застана, а навивачите се смирија и едноставно беше избегнат поголем инцидент.
Бока во финалето на Купот ќе игра против Велес Сарсфилд.
Boca Junior’s president Juan Román Riquelme amid a group of “barras” to try to calm a heated situation that escalated between the Gimnasia and Boca hooligans.
A glimpse into the state of Argentine football. What a disaster.
pic.twitter.com/AQlZ9fYhuX— Nico Cantor (@Nicocantor1) October 24, 2024