Пред седум месеци неочекувано се случи прекин на кариерата на еден од најдобрите шпански кошаркари Рики Рубио. Искусниот бек тогаш изненадувачки изјави дека сака да се повлече од кошарката и да се посвети на менталното здравје, а сега повторно реши да се активира.
Рубио во последните 12 години беше дел од НБА-лигата, но сега реши да се врати во Барселона и повторно го облече дресот на Барселона, клубот за којшто настапуваше пред да замине во НБА-лигата.
Искусниот 33-годишен кошаркар ќе го носи дресот на Барселона до крајот на сезоната, а договорот е постигнат точно навреме за да може Рубио да биде вметнат во составот за настапите во Евролигата.