Рики Рубио се враќа таму каде што сѐ започна – во Хувентуд

Легендарниот шпански кошаркар Рики Рубио е блиску до враќање во својот матичен клуб Хувентуд, пренесува каталонскиот „Спорт“.

Шпанскиот кошаркар зимоска се врати во Европа од НБА-лигата и потпиша договор со Барселона, откако минатото лето зеде пауза поради сопствената битка со менталното здравје.

Рубио не успеа да ѝ помогне на Барса да ги постигне своите цели минатата сезона. Сега се поврзува со враќање во Хувентуд, каде што ја започна својата професионална кариера во 2005 година.

Наводно, челниците на Барселона нема да му прават проблем доколку сака да се врати во тимот од Бадалона, кој се натпреварува во Еврокупот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести