Римската полиција ја забрани кореографијата на фановите на Славија Прага (Фото)

Околу 4.000 навивачи на Славија Прага вечерва ќе присуствуваат на дуелот на „Олимпико“ во Рим против Рома од Лигата на Европа, но Чесите доживеаја студен туш од италијанската полиција, која им забрани да го внесат големото знаме на кое пишува „Аве Славија“ (Да живее Славија).

Поздравот „Аве Цезар“ во чест на Гај Јулиј Цезар е познат во целиот свет, па италијанските власти сметаат дека ова е подбивање со најголемиот водач на стариот Рим и основач на Римското царство.

Навивачите на Рома се огласија по повод забраната и објавија дека не се чувствуваат навредени од кореографијата на Чесите и дека не се согласуваат со забраната на полицијата.

Ако ништо друго, чешките навивачи ќе носат маици на кои пишува „Аве Славија“, тоа не им е забрането.

- Оглас -

Најнови вести